,

Џереми Кларксон објасни зошто „Формула 1“ стана смртоносно досадна

Најбрзата и најопасната трка на светот станува се подосадна, а популарниот ТВ водител објасни зошто..

Сите ние кои сакаме автомобили и се што е поврзано со оваа индустрија, обожаваме да ги гледаме сите типови на авто трки, а особено Формула 1. Меѓутоа, оваа класа повеќе не е тоа што некогаш беше и се повеќе фанови се пренасочуваат кон други типови на тркање, па дури и „Moto GP“, бидејќи Формула 1 повеќе не нуди возбуда и задоволство како некогаш.

Популарниот ТВ водител, Џереми Кларксон е еден од најголемите Ф1 фанови, но тој вели дека е бесен и разочаран од сето тоа што овој спорт се претворил.

„Попрво ќе гледам како растат цвеќињата, отколку да гледам Формула 1. Спортот стана досаден, има премногу правила и непотребни регулации и едноставно ништо не се случува. Кога ќе поченете да ја гледате трката, знаете дека „Мерцедес“ ќе биде прв и тоа е тоа, а ако случајно дојде до некоја акција, веројатно тоа ќе биде некое прекршено правило. Единствениот начин на кој Формула 1 може да се поправи е да се укинат сите помошни системи и возачите да бидат во поголем ризик додека се тркаат. Следно, болидите мора да бидат појаки и да издржат благи судари и контакти, бидејќи на овој начин никој не смее да се опушти во дуел. На крајот, правилата и сличните регулации мора да се укинат, бидејќи ги казнуваат возачите за секоја ситница, па никој не сака веќе да се трка, туку сите возат за поени и ја завршуваат трката онака како што ја почале, смртоносно досадно“ – кажа Кларксон во интервјуто кое го даде за „DribeTribe Youtube“ каналот.