Џет- сет во Македонија: Прикриен под челичен превез или не можат да парираат на светските џетсетери
Богати и славни, солидно образовани (барем факултетска
диплома), имаат скапо хоби и во просек по два брака. Тие летуваат и одат на
места каде се среќаваат само со оние кои се слични по статус, тие се
сопственици на островите на забавите
кои ги организираат. Јахтите и авионите се земаат здраво за готово, а
недвижнините во сопственост на повеќе континенти, опремени со кина, спортски
сали, услуги, базени се
составен дел. Често дел од нивното огромно богатство повремено се донира во
добротворни цели. Освен овие карактеристики, нивната најважна карактеристика е
тоа што сакаат да уживаат и да подготвуваат задоволства за себе. Ова накратко е груб профил на
светските џетсетери.
По дефиниција од речникот, ова се богати луѓе; во пракса - тие се сопственици и директори на големи компании, холивудски и рок-sвезди, спортисти, крунисани глави- кралеви, кралици, принцови и принцези. Тешко е некој со мала сума пари да води таков начин на живот, но не сите богати луѓе се џетсетери. Тие исто така мора да го покажат тој гламур, што, на пример, не е случај со мексиканскиот бизнисмен со либанско потекло, Карлос Слим, своевремено најбогатиот човек на светот, чие богатство магазинот „Форбс“ го процени на 70 милијарди долари. Не е дека медиумите не се заинтересирани за него, напротив, но тој (успешно) избегнува такво внимание, што го покажа кога беше кај нас во Македонија заради бизнис. Потоа ги замоли домаќините да не даваат детали за неговиот престој, но се дозна дека тој нема посебни барања што обично ги поставуваат, и тоа барања во стилот- посебен кавијар од Русија, млеко од камила, вода од Хималаи...
На иста основа како Слим, ниту Бил Гејтс, ниту Марк Цукерберг, основачите на „Мајкрософт“ и „Фејсбук“, не можат да бидат вклучени во овој сет, без оглед на големото богатство и присуството во медиумите. За разлика од Доналд Трамп и Роман Абрамович кои се познати по екстемно луксузниот живот.
Истакнат член на елитата е и британскиот милијардер Ричард Бренсон како и хедонистот од Европа, принцот Алберт од Монако, кој стигна до Северниот и Јужниот Пол, и често е домаќин или гостин на престижни забави каде што се собира светската елита.
Меѓу познатите богати луѓе кои живеат екстра луксузен живот се светските музички ѕвезди- Бијонсе, Џенифер Лопез... и некои актери од Холивуд- Леонардо Ди Каприо, Том Круз...
На Балканот секако дека ги има ваквите џетсетери, но за нив многу малку се знае. Дури и најбогатите на овие простори кои поседуваат милијарди не оддаваат слика на претеран раскош. Сето тоа нивно луксузно живеење е скриено под челичен превез...
А, во Македонија неспорно е дека има богаташи кои живеат луксузно. Можеби немаат приватни авиони, (не пријавиле до сега) но милуваат да ги трошат своите пари на отмени нешта- сафари во Африка, одмори на егзотични скапи места, суперавтомобили, куќи налик на замоци... Евидентно е дека се плашат да го прикажат сето тоа во јавноста поради тоа што може бизнисот да им трпи и да добијат медиумско внимание кое сигурно ќе им наштети.
На социјалните мрежи гледаме бледи обиди некој овде да се претставува како џетсетер... обично многумина милуваат да кажат „Али експрес за сиромашни“. Таквите не можат да го носат овој луксузен епитет.
Далеку сме ние од Холивуд, но дека има такви кај нас кои можат да парираат на светскиот гламур... Не сме баш сигурни, барем не во формат како тоа што го прават вистинските џетсетери.