Џон Тери ѝ направи дете на девојката на најдобриот другар, па плачеше кај жена си: Никој освен неа не би простил вакво предавство

Познатиот фудбалер Џон Тери своевремено се најде во центарот на скандал кога ѝ направи дете на девојката на неговиот најдобар пријател

Англискиот фудбалер Џон Тери, кој пред неколку месеци во голем стил го прослави својот 42-ри роденден, често се вели дека е еден од најдобрите спортисти, но и најразвратни.

За жал, оваа, нималку ласкава титула не ја доби баш така. Имено, иако со своите успеси во Премиер лигата ги полнеше насловните страници на спортските магазини, во исто време, аферата која се случи во 2010-та година со години ги полнеше колумните на жолтиот печат, пишува „Wanted.rs“.

View this post on Instagram

A post shared by John Terry (@johnterry.26)


Тери, сега веќе пензиониран фудбалер, ѝ приреди вистински шок на сопругата Тони, но и на соиграчите од Челзи, кога беше откриено дека не само што ѝ бил неверен на сопругата, туку изневерил и пријател.

Имено, во 2010-та година „Дејли Мејл“ ја објави веста дека Тери имал афера со манекенката за долна облека Ванеса Перонсел, која тогаш била во врска со неговиот пријател и фудбалски соиграч Вејн Бриџ.

Џон брзо стана главен негативец во својата земја, а како што пренесуваат тамошните медиуми, поради скандалот беше прескокнат и за капитен на англиската репрезентација. Тоа требаше да биде круна на неговата кариера, но не ја доби поради нескротливите страсти. Откриено е и дека на Ванеса ѝ платил за абортус, но таа до ден денес негира дека била љубовница на Тери.

„Се однесував лошо и спиев со други жени зад грбот на мојата сопруга. Таа знае за тоа и продолжуваме со нашиот брак. Никогаш повеќе нема да ја изневерам", изјави фудбалерот после сè.


Многумина беа згрозени од скандалот бидејќи Вејн беше добар пријател со Тери и тие беа соседи. Покрај тоа, нивните „поубави половини“ се дружеа и заедно одеа и на одмор.

View this post on Instagram

A post shared by Toni Terry (@toniterry26)


Сепак, изгледа дека сопругата на Џон, Тони, е многу разбрана бидејќи тие сè уште се во брак, а судбоносното „да“ го кажаа уште во 2007-мата година, а имаат близнаци, ќерката Самер и синот Џорџ.

View this post on Instagram

A post shared by John Terry (@johnterry.26)


Инаку, Тери имаше многу „незгодни“ ситуации за кои се пишуваше. Својот луксузен Бентли го паркираше на место за хендикепирани лица, со шише по главата удри чувар на ноќен клуб, па дури и уринираше во чаша среде клуб, наведувајќи ја гужвата во тоалетот како изговор.


Извор: stil.kurir.rs