Еден Претседател, 1000 вратоврски: Стилот на првиот човек на МАНУ
Една вратоврска нема да го промени светот. Нема ни 1000. Иако модата ја има незапирливата моќ на влијателност во секој сегмент од општеството, сепак луѓето се тие кои ја прават поинаква. Не е општествена или природна наука, ама научникот што го носи работниот костум е олицетворение на модата, содадено од модата.
Бројни модни аналитичари се согласни дека модата и
стилот се разликуваат, но во суштина одат заедно. Цела една филозофија може да се
заснова на еден изглед...
Се вели дека визионерите често носат вратоврски во разни бои.
Господинот Таки Фити, Претседателот на МАНУ, поранешен минстер за економија и универзитетски професор, очигледно е колекционер на интересни вратоврски. За секоја пригода, различна вратоврска.
Врз основа на бојата или моделот, во модната историја секоја си има свое значење. Црвената ја носат храбри, олцетворение на моќ, црната е резервирана за силни и модерни, портокалова- интелектуалци , сина- верба и вистина, вилетова- отворени и индиректни мажи, зелената открива интелигентен човек, љубезен и конзервативен, паметен и сталожен.
Фити ги има во сите бои. Тие се негов заштитен знак, дел од стилот кој го претпочита. Елегантен е и класичен, без многу филозофирање, ама вратоврските му се неизоставен детал и токму тие го формираат неговиот посебен стил.
Повеќето му се суптилно дезенирани, со точки или со линии, но во ниту еден случај не се преоптоварени со смешни мотиви. Свесен е кога ги носи, посебно оние во светли бои. Точно предвидел дека таквите му одговараат на тенот и лицето.
За еден ваков господин скоро и да не е замисливо да не носи вртоврска која е дел и од дрес кодот на функциите што ги извршува. Ама не е досаден, како повеќето наши политичари.
Знае да вметне своја приказна и така да биде различен. Одамна ги носи, дури и кога повеќето негови колеги не знаеја да си ја заврзат вратоврската.
Премногу долга, премногу тесна, премногу кратка или премногу широка вратоврска може целосно да ги наруши пропорциите на телото. Вратоврската има вистинската големина ако врвот стигне до ременот. Ширината во најширокиот дел не треба да биде под 6 цм. Фити ова го совладал до перфекција. Токму такви се неговите вратоврски.И во релаксирано издание знае да биде умерен. Очилата секогаш му се во согласност со целокупниот стил. Едноставно, добра стара школа никогаш не знае за грешка.
Небојша Толески