Еден од најдобро облечените Македонци на Балканот ве советува: Бидете свои, џабе е сè ако не сте тоа што сте
Тој слободно може
да им парира на светските трендсетери, но веќе го земаат и во светски размери
за пример како треба да се облекува еден современ, модерен маж. Д-р Панче
Димитриев со години го држи тронот на најдобро облечен маж на Балканот, а за тоа се потврда и бројни награди и признанија, меѓу кои и Code Fashion
Awards каде 3 години по ред е
избран за најдобар моден инфлуенсер. Тука е и наградата за Модна Икона на годината. Снимаше и за планетарно популарната Fashion
tv, постојано го има во разни
списанија, дава интервјуа, пишуваат и странските сајтови за него...
Димитриев работи како хирург за ортопедија и трауматологија во Пловдив- Бугарија. Потекнува од Штип. Неговата посебност во облекувањето не е само вештото комбинирање, туку како ги носи парчињата облека, осетот за врвна естетика, допирот со уметноста, авангардата, современите текови...
Исклучителен перфекционист, хедонист, гламурозен. Го има секаде каде што се најголемите журки во Европа. Има армија од следачи на Инстаграм и таму најчесто ја претставува својата модна умешност. Компаниите се „тепаат“ кој производ да им го рекламира...
Кога го
контактиравме беше на елитна забава во Созопол, но во ниту еден момент не рече
„не“. Наместо да пишува, преку говорни пораки на месинџер ни одговори на прашањата.
На тој начин сосема автентично за Машки магазин ни посочи некои модни нешта.
Прво го прашавме што ќе се носи оваа есен во поглед на машата мода?
- Машката мода во последните години, поточно последнава деценија еволуираше многу. Модерно е тоа што ти стои добро- тоа е наредна тенденција! Како во дизајнот што е раширен еклектизмот и миксот на стилови, така и во машката мода, особено за наредната есенска сезона нема да биде проблем да се облече костум во комбинација со патики- класика што нема да не одмине ни есенва. Модните додатоци како големите чанти стапуваат на сцена, задолжително брендирани очила и предимензионирани палта, другата крајност на модата што ќе се повтори- вели Панче.
Тој со години е активен на полето на трендсетерството и скоро секојдневно ја анимира публиката со вешто одбрана облека и со видеа во кои ја прикажува истата таа вештина на комбинирање.
Некои ќе речат дека тоа е лесно, но истите тие никогаш не станале инфлуенсери или пак се облекле различно, а симпатично и ново. Трендсетерството не е баш лесна работа. Тука има и вложувања и откажувања. Не е само шетањето и позирањето...
- Најмногу е тешко да бидеш свој! Кога некои од таканаречените трендсетери или инфлуенсери или јавни личности го прикажуваат сето она што не се, тогаш не може да се наречат како што се нарекуваат и не се најдобри. Кога го покажуваш тоа што си, на фотографии, преку постови, вистинскиот ТИ, тогаш луѓето го оценуваат тоа, те следат и кај и а се појавиш, секогаш ќе бидеш број еден! Многумина често ми приоѓаат, а тоа се и познати личности за да ми кажат дека сум им вдахновение и инспирација. Мразам да кажувам кој е најдобар, а кој е најлош. Вашно е да бидеш она што си и да си го најдеш својот пат. Секогаш е така, за некој си добар, за некој не си...- додава Димитриев.
Панче многу патува, но исклучиво на места каде што се најголемите забави во овој поширок регион. Луксуз, познати лица од светскиот џет-сет, многу танцување, посебни елитни вили, журки до изгрејсонце...
Смета дека таму е стационирана целата елита на Балканот:
- Поради коронависусот, поимот добра журка или забава доби друга конотација. Сега се организираат со многу помалку луѓе, на многу поприватни места. Кога станува збор за интересни и забавни дестинации на Балканот, грчкиот осторов Миконос создаде високи критериуми кои ги надминуваат и оние на Ибица. Во Турција тоа е Чешме, а во овој контекс Белград е тука со познатите сплавови. Во Бугарија тоа е Созопол- заклучува Д-р Димитриев.
Небојша Толески
Фото: приватна архива