Еден од најголемите феномени на Балканот: Во оваа пештера човечка нога не стапнала илјадници години, а кога влегоа останаа во ЧУДО (ВИДЕО)
Денес Пештерата Деветашка е дом на околу 30 000 лилјаци. Еден дрон се обиде да ја имитира перспективата на лилјак, а видеото беше објавено на Јутјуб каналот SkyTrip.
На снимката се гледа како камерата ја обиколува пештерата, на гледачите им дава поглед од скоро 360 степени. Можете да ги видите сводовите на пештерата, високи 30 метри, бујна вегетација и мал проток на вода што тече низ пештерата.
Пештерата Деветашка се наоѓа во Бугарија, 14,5 километри северо-источно од градот Ловеч и малку повеќе од километар и половина од малото село Деветаки. Како и обично, го доби името по најблиското село.
Оваа пештера има уште две имиња, Маарата и Окната, поради седум различни големини на дупки лоцирани на таванот на пештерата, од кои сончевата светлина достигнува и го осветлува централниот простор, како и неговите две соседни полиња.
Во раните 50-ти години на минатиот век, започнаа сериозно истражување на пештерата, со идеја овој простор да се претвори во магацин. Истражувањата и студиите покажуваат дека пештерата била населена, наизменично, во скоро секоја историска епоха.
Најраните траги од човечко присуство датираат од раното камено доба, околу 70.000 п.н.е. Се смета за една од најважните пештери, кога станува збор за културното наследство од неолитот (6 милениум - 4 милениум п.н.е.).
Главниот влез на пештерата е широк 35 и висок 30 метри. 40 метри по влегувањето во пештерата, се проширува, формирајќи пространа сала. Висината на салата е неколку десетици метри, а во некои области достигнува неверојатни стотина метри. По неколку минути пешачење од влезот, ќе видите два тунели кои се разделуваат. Левиот премин е долг два километри.
Ќе забележите помала река која тече покрај главниот тунел и се влева во поголемата река „Осам“. Десниот пат е потопол и многу сув. Овој десен коридор е висок два метри и широк малку повеќе од пет метри. Многу автентичен. Понатаму, преминот се шири во правоаголна сала, една од салите екоја е над петстотини метри квадратни.
Овој дел завршува со мала галерија во тркалезна просторија, наречена „Олтарот“. Пештерата е прогласена за природно богатство од посебно значење.
На ова место е најдени безброј артефакти кои со обемни ископувања потврдуваат дека цивилизациски се случувале интересни феномени дури и многу чудни за тоа време. Најдени се предмети кои не соодејствуваат за времето пред илјадници годфини, туку многу слични на времето во кое живееме.