Една од најубавите жени се омажи за Србин и го остави после 8 часа: За нејзината афера со Мајкл Џордан зборуваше планетата
Робин Гивенс беше позната како „јадачка на мажи“, а се шпекулираше дека ги менувала како на лента
Српскиот тениски инструктор Светозар Толе Маринковиќ дефинитивно ја помина играта кога е бракот во прашање. Се разведе од актерката и модел Робин Гивенс истиот ден кога се венчаа! Светозар и Робин се запознале кога тој ја учел тенис и решиле да се венчаат во 1997 година.
Моделот и актерка Робин Гивенс (59) важеше за една од најубавите жени во 80-тите години на минатиот век. За нејзината популарност говори и тоа што за малку ќе и ја украдеше славата на славната Наоми Кембел.
Таа красеше бројни насловни страници на најпознатите списанија, а модните дизајнери се натпреваруваа за најпрво да ја вработат. Таа, исто така, дебитираше на големото платно во популарната серија „The Cosby Show“, по што следуваше улога во ситкомот „Head of the Class“, по што играше улоги по улоги.
Сепак, иако и се предвидуваше блескава кариера и место на А-листата, скандалите кои засекогаш и го обоија животот го извалкаа нејзиното име и ѝ ја уништија кариерата.
Имено, Гивенс многу брзо почна да го добива не баш ласкавиот прекар „парти девојка“, а потоа и „јадачка на мажи“, со оглед на тоа што ги менуваше момците како на лента, а нејзиниот турбулентен љубовен живот често беше тема на сите таблоиди.
Свадбата се одржа на плажа на хотел во близина на Сан Диего, а присуствуваше дури и синот на Робин Гивенс, кој тогаш имаше две години. Толе и Робин се разделија во ист ден по точно осум часа!
Робин се прослави со бракот со Мајк Тајсон во 1988 година, кој подоцна познатиот боксерски шампион ја затече во кревет со Бред Пит, а потоа следуваше развод.
Инаку, Светозар и Робин се забавуваа една година пред самата венчавка, а таа врска го прослави тенискиот инструктор. По раскинувањето со манекенката, тој се повлече од очите на јавноста, а за неговиот живот не се знае многу.
Нивната врска беше разнишана од самиот почеток. Како што подоцна изјавила манекенката, боксерот бил често насилен кон неа, дури и пред да се венчаат, додека Тајсон по разводот рекол дека е „сериозно трауматизиран од таа врска“.
Неговото богатство тогаш било проценето на вртоглави 50 милиони долари, а со Гивенс не потпишал предбрачен договор. Во еден момент од нивниот брак, таа си купила замок од 4,3 милиони долари во богатото предградие Бернардсвил, Њу Џерси, со пари од неговата сметка.
Гивенс подоцна изјави во шоуто на Барбара Волтерс дека живеењето со Тајсон е „мачење, чист пекол, полошо од сè што може да замисли“, а потоа продолжи да ја опишува неговиот нестабилен карактер.
Манекенката и актерка ја поврзуваа и со Мајкл Џордан, со кој имаше афера веднаш по разводот со Тајсон, а потоа со Еди Марфи во раните деведесетти. На списокот се најдоа и актерот Дејмон Вејанс, Хауард Стерн, моделот Маркус Шенкенберг, како и актерот Хозе Санчез и многу други.
ФОТО: Инстаграм принтскрин