Едната рака на далечинскиот управувач, а другата... Секс пози за гледање на европското и уживање со саканата личност - Истовремено
Зачинете го гледањето на Европското првенство во фудбал со секс и искусете тотално ново ниво
на адреналин што не сте го доживеале досега. Овие пози сигурно ќе ве доведат до
кулминација, па барем некој ќе излезе како победник на крајот од играта.
Деновиве фудбалските натпревари се секогаш во преден план – но што ако ви кажеме дека можете да комбинирате две страсти - да имате секс во пози кои овозможуваат и да гледате во екранот?
Ви пренесуваме шест пози со кои можете истовремено да гледате фудбал и максимално да уживате еден во друг.
1. Двоен црв
Двојниот црв е вистинска мрзелива поза која дава максимални ефекти. Доволно е девојката да легне на креветот на стомак, а момчето исто така да легне врз неа. Натпреварот е доста згоден за следење, со оглед на тоа што позата не е баш технички напорна за изведување.
2. „Doggy stile“ поза
„Doggy stile“ позата е една од најомилените и најпопуларните секс пози на сите времиња. Доволно е да се свртите кон телевизијата и двајцата да го следите натпреварот на посебен начин.
3. Лажица
Ова е една од најромантичните и најнежните пози, но фудбалот би можел да и даде сосема нов шарм. Тоа би можело да стане вистинска акциона поза чие темпо може совршено да го следи темпото на теренот. Исто така, лежечката положба е многу удобна и погодна за следење на натпреварот, а на полувремето монотонијата може одлично да се зачини.
4. Обратна каубојка
Обратна каубојка е уште една сексуална класика која е одлична во оваа ситуација. Во оваа поза, мажот седи на каучот, а жената го јава со свртен грб. Иако не се работи за романтична поза, гледањето на натпреварот ќе стане вистинска адреналинска бомба.
5. Водопад
Ова е уште една поза за седење. Партнерот седи со испружени нозе. Девојката седнува на него и ги истегнува нозете преку неговите раменици. Тешкото нешто за оваа поза е што може малку да го попречи приказот на екранот, но веројатно никој нема да се пожали.
6. Малата сирена
Конечно доаѓа позата мала сирена која е наменета за оние кои сакаат да го следат ритамот на фудбалерите и да постигнуваат сопствени голови. Жената лежи на креветот на стомак, а горниот дел од телото виси над креветот. Мажот лежи над неа, со рацете го допира подот. Тој ги крева рацете во склек и така се движи горе-долу. Навистина добра вежба за неговите бицепс и трицепс. Ќе се чувствува како победник, без разлика на резултатот од натпреварот.
Фото: unsplash
Извор:sata.hr