Ексклузивно на Суперстар „Азбука на нашиот живот“ - силна и емотивна приказна која што ги освојува гледачите во Македонија и регионот
Драма, забава, интриги и многу повеќе во најновата хит серија „Азбука на нашиот живот“ која што оправдано го „краде“ вниманието на огромен број гледачи во Македонија, на Балканот и пошироко.
Серијата, која што е во продукција на Телеком Србија и продукциската куќа Contrast Studios, е снимана според мотивите на романот „Азубка на мојот живот“ и „Машка азбука“ на познатата српска писателка Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ.
Урбаното белградско семејство Поповиќ се во средиштето на интригантната, забавна, опуштена, но на моменти и тешка и трагикомична приказна за брачната двојка Весна и Урош Поповиќ. По 25 години заеднички живот кој што минал низ многу фази – од студентската љубов, преку родителството, брачни кризи, градењето кариера во општество во кое што е дозволено се’ за да се дојде до статус, кариера и пари. Сепак, по четврт век брак, откако имаат се’ што некогаш посакувале, кога децата им се пораснати и се образуваат некаде по светот, ова наизглед совршено семејство почнува полека да се распаѓа. Весна и Урош сфаќаат дека во битката за материјалното, се изгубиле еден со друг. И такви, поразени и посрамени, бегаат од реалноста, лутаат низ љубовни авантури, неверства, лаги, осаменост, грижа на совест и криза на сопствениот идентитет.
Првата епизода од серијата премиерно се прикажа на трети декември на Суперстар каналот. Секоја нова епизода на „Азбука на нашиот живот“ се емитува еднаш неделно секој петок.
Суперстар каналите се дел од ексклузивната понуда Мтел, новиот телекомуникациски оператор во Македонија. Мтел нуди сателитска телевизија која што е достапна за користење било каде и да сте во Македонија. А, во тек е и промотивна понуда за сите нови корисници од 50 отсто намалена претплата и само еден ден за инсталација на опремата. Повеќе информации може да најдете на mtel.mk
ПР-Објава