Ексклузиво: Голманот на Шкендија Захов- Немаме никаков контакт, фудбалерите на Тотенхем не излегуваат од хотел

Денес на националната арена Тодор Проески се игра мечот помеѓу Шкендија и Тотенхем. Љубителите на фудбалот се во делириум поради овој натпревар, ама истиот ќе се игра без публика поради Ковид-19.

Голманот на Шкендија, Дино Захов за Машки магазин ни изјави дека фудбалерите на Тотенхем не излегуваат од хотел и немаат никакви допирни точки со нив, се‘ до натпреварот:

Поради протоколите, фудбалерите не излегуваат никаде. Така е и со Мурињо. Немаат никаков надворешен контакт. Немаа ни тренинг. И двата тима инаку се тестираа од коронавирус и сите сме негативни- ни изјави Захов.

Тој додаде дека Шкендија вчера имала квалитетен тренинг, дека целосно се подготвени и дека ќе дадат се од себе. Свесни се за тоа дека имаат многу квалитетен противник од другата страна.

Р.М.М