Елиф Елмас: Да ја подобриме реализацијата, да одиграме максимално и без експерименти

Дуелот со Гибралтар е втор за Македонија во новата сезона во Лигата на нации, имаме фаворитска улога, не бегаме од тоа, и сакаме победа.

Елиф Елмас смета дека тимот е подготвен, очекува дефанзивен Гибралтар, но Македонија има план за победа, секој натпревар е различен, па и овој во однос на оној со Бугарија.

„Поминаа четири години од мојот настап тука со Гибралтар, беше навистина тежок меч и навистина знам дека не смееме да ја потцениме оваа селекција. Секој натпревар го гледаме поодделно и на секој играме максимално, офанзивно и без никакви експерименти и калкулации, така ќе биде и утре. Се надевам дека ќе одиграме како што треба во нападот и ќе дојде реализацијата на утрешниот натпревар, а потоа и на оние два натпревари на домашен терен. Ќе биде малку различно, ќе играме на вештачка трева. Но, на нас не значи ништо на каков терен играме, мора да играме со нашиот максимумот без разлика каков е теренот, влегуваме повторно во ритам и мислам дека утре ќе биде далеку подобар натпревар“, рече Елмас.

Дуелот, Гибрлатар-Македонија се игра утре, со пренос на Аренаспорт од 18 часот.