Елиф Елмас: Го одби турскиот селектор- игра само за Македонија
За него многу истакнати фудбалски стручни лица рекоа дека
тој е најсветлата иднина на македонскиот фудбал и еден од најдобрите. Не
погрешија!
Фудбалерот Елиф Елмас на напреварот со Словенија доминираше триумфално и со два гола не однесе до победа. Неговата фантастична игра, професионализмот во водење на топката и тактиката го прават вистински фудбалски предводник.
* Под оваа фотографија која ја објави на неговиот Фејсбук профил по победата над Словенија напиша: Горд на мене и на мојата МАКЕДОНИЈА!!!За 16 милиони евра обештетување плус бонуси, од Фенербахче премина во калчолигашот Наполи за кој игра и денес.
Роден е во Скопје, од родители со турско потекло. Израснат е во скопската населба Бутел. Својата фудбалска кариера ја започнал во фудбалската школа Форца Вардар од каде потоа се преселил во Работничкикаде станал професионален фудбалер.
Во јули 2017, селекторот на турската репрезентацијаФатих Терим се обидел да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучил да ја претставува земјата во која што е роден. И токму на Македонија и донесе блескави фудбалски моменти.
Пред него се уште многу натпревари, а веруваме дека неговата кариера ќе се искачува многу високо со оглед на квалитетот кој го поседува. По природа е скромен, посветен на фудбалот максимално.