Енергија на дофат со нов вкус – Имлек Протеин шејк со ф’стак претставен на FashionWeekend

Додека новите трендови го обликуваат стилот на живот, Имлек го воведува својот Имлек Протеин шејк со вкус на ф’стак кој совршено се вклопува во современиот и динамичен начин на живеење. Новиот вкус, а совршено препознатлив, збогатен со млечен протеин, кој за првпат беше претставен на најголемиот моден настан во земјата - Fashion Weekend, ги изненади сите љубители на здравиот и активен живот.

Имлек протеин шејкот со ф’стак, не е само вкусен, туку и моќен извор на протеини и затоа е совршен придружник за секој кој се залага за активен и здрав начин на живот. Содржи вистинско богатство од 30 грама протеин од 100% млечно потекло и ја обезбедува совршената доза на енергија и хранливи материи за целиот ден. Протеините се поддршка за мускулите при интензивен тренинг и помагаат за достигнување на саканите фитнес цели.

Имлек протеинскиот шејк е без лактоза и без шеќер, што го прави идеален избор за освежување и за опоравување на мускулите по физичка активност и за одржување на енергија во текот на денот. Искористете ја силата на протеините и уживајте во секој момент со Имлек Протеин шејк!

Имлек протеин шејк со вкус на ф’стак беше дел од престижната атмосфера на FashionWeekend  како официјален пијалак на настанот, каде гостите и учесниците на скопскиот FashionWeekend беа први што имаа можност да го вкусат новиот шејк од ф’стак. Реакциите на присутните, кои го пробаа, само потврдија дека е создаден вистински победник. Производот е достапен во практично пакување од 300мл и истиот ќе биде достапен во маркетите од 01.11.2024 година.