Ериксен веќе е дома: Данскиот фудбалер опериран, и отпуштен, еве како е сега
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен беше успешно опериран и отпуштен од болницата „Ригоспиталет“ во Копенхаген, соопшти Данскиот фудбалски сојуз.
На Ериксен му беше вграден дефибрилатор во срцето, апарат што го стимулира срцевиот ритам, а операцијата беше успешна.
Ериксен ја напушти „Кралската болница“ во Копенхаген во петокот, а се наведува дека ја посетил репрезентацијата во Хелсингор. Оттаму, тој отиде дома, каде ќе помине време со своето семејство.
Ериксен колабираше и падна на тревата за време на мечот меѓу Данска и Финска на Европското првенство.
Медицинскиот персонал и брзата помош брзо реагираа и го реанимираа фудбалерот, кој имаше срцев удар, повеќе од 10 минути.
Откако ги посети соиграчите од националниот тим, Ериксен рече:
- Ви благодарам за огромниот број честитки и пораки за поддршка. Неверојатно е да се види и почувствува сето тоа. Операцијата беше успешна и се чувствувам добро со оглед на сите услови. Беше одлично да се видат момците повторно, по фантастичниот натпревар што го одиграа синоќа. Не треба да се споменува особено дека ќе ги поддржам во понеделник против Русија - рече Ериксен.
Фото: screenshot/youtube.com/UEFA