ЕУ ѝ понуди на социјалната мрежа Х тајна незаконска зделка: Илон Маск шокира со оваа изјава
Сопственикот на социјалната мрежа Икс, Илон Маск изјави дека Европската унија и понудила на компанијата незаконска тајна зделка.
„Ако се согласиме тивко да ги цензурираме објавите на интернет без да кажеме никому, нема да бидеме казнети“, напиша Маск на својата социјална мрежа.
Денеска Европската комисија официјално ја обвини компанијата Х дека не го почитува законот на Европската унија за социјалните мрежи и го означи Маск одговорен што социјалната мрежа ја направи рај за дезинформации и нелегални содржини.
Потсетуваме дека прелиминарната истрага на Комисијата на ЕУ покажа дека Х го прекршил законот во однос на транспарентноста на рекламирањето, пристапот до податоците за истражувачите и таканаречените „мрачни форми“, кои се користат за собирање приватни податоци преку измама на корисниците.