ЕУФОРИЈА ПО ПОБЕДАТА СО КОСОВО ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА: Фудбалерите ја пееа „Дајте ми ја Бисера“, најгласни беа Ристовски и Алиовски
Македонската фудбалска селекција избори место во финалето од плеј-офот за пласман на ЕП преку Лигата на нации.
Солзи радосници, прегратки, извици „Македонија, Македонија„. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски еуфоријата од историскиот успех ја пренесоа и во соблекувалната на Арената Тодор Проески. Македонската фудбалска селекција избори место во финалето од плеј-офот за пласман на ЕП преку Лигата на нации.
Златко Андоновски, портпарол на македонската фудбалска федерација на Македонија, вели дека атмосферата по победата била фантастична.
Горди сме на фудбалерите и нивниот подвиг во исклучително тежок и битен натпревар.
Притисокот од секој аспект беше голем и навистина ни е драго што успеавме да бидеме тим во секоја смисла на зборот. Докажавме дека нема поделба по ниедна основа.
Славјето започна под македонското знаме на терен, а продолжи во соблекувалната и во пред тимскиот хотел. Сите ја пееа „Дајте ми ја Бисера“, а најгласни беа Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски. Сите те во тимот чувствуваа дека слави и се радува цела држава. Ни недостасуваше публика на теренот – открива Андоновски.Сениорите вечерва славеа над Косово со 2-1 , Македонија поведе во 16. минута со помош на Кололи кој интервенираше по шутот на Ристовски..Гостите во 29.минута стигнаа до 1-1 со голот на Хадерѓонај.
Центаршутот на Барди во 33.минута, го искористи Велковски, кој го постигна вториот гол за нашата репрезентација. Финалето Македонија – Грузија ќе се одржи на 12 ноември во Тбилиси. Победникот ќе се пласира на ЕП.
(С.А.Н)
Фото: ФФМ