Еве како навистина изгледа телото на Салма Хајек во бикини: Видеото го „запали“ интернетот

За прв пат во целата кариера на Салма Хајек, папараците успеаја да ја „уловат“ во бикини!

Познатата 56-годишна актерка навистина изгледа помладо и заводливо, а може да се пофали со бујно деколте и атрактивно тело. Сепак, јасно е дека нејзината фигура е малку помалку совршена отколку на социјалните мрежи, иако несомнено е многу секси и изгледа одлично за своите години.

Актерката го покажа и своето лице без шминка и малку седа коса, а во неколку наврати до сега отворено кажа дека го прифаќа своето стареење и дека не користела ботокс, како и дека нема проблем да пушти седа коса од време на време. Како и секогаш, таа беше одлично расположена, па пиеше и се смееше, а нејзината ќерка ја снимаше веројатно за Инстаграм каде е многу активна.

И додека е јасно дека Салма ужива во себе, во бракот и плодовите на богатата кариера, коментарите на публиката на мрежите и странските портали не се премногу ласкави. Имено, многумина тврдат дека актерката на Инстаграм едноставно изгледа поинаку отколку во реалноста.


„Да се ​​разбереме, не изгледа лошо за своите години, но ниту блиску до она што го покажува на социјалните мрежи“, „Не изгледа помладо и нема потреба, убава е и среќна“, И јас мислам дека е убава овде, но да не се лажеме, таа ќе ги мрази овие фотографии, тие се многу различни од нејзините фотографии на Инстаграм“, „Еве, ова ѝ е изданието без фотошоп и сега се‘ е јасно“, Таа е секси по ѓаволите, без разлика на се‘“, „Чудо е колку шминката го трансформира човекот, сепак таа е убава жена“, „Изгледа како просечна 56-годишна жена без филтери и фотошоп“, „Таа е млитава и буцка, единственото нешто што го има е рамен стомак, а тоа изгледа како резултат на липосукција“, „Дефинитивно изгледа подобро во фустан“, се само дел од коментарите.


Фото: Youtube - screenshoot

Видео: Инстаграм