ЕВЕ КОЈ БЕШЕ ГОРАН ПАСКАЉЕВИЌ: Добитник е на многу престижни награди и режираше над 30 документарни филмови!

Режисерот Горан Паскаљевиќ почина во Париз на 74-годишна возраст.

Тој е роден на 22 април 1947 година во Белград. Дипломирал филмска режија на Париската академија. Режирал над 30 документарни филмови и 13 играни филмови, од кои првиот се вика „Чуварот на плажата во зима“, кој го сними во 1976 година.

Паскаљевиќ е добитник на многу престижни награди, а списанието „Варајети“ го рангираше во првите пет режисери на годината во 2001 година.

Горан Паскаљевиќ беше одликуван со Француски орден за уметност и литература, кој му беше доделен на 9.05.2008 година во Белград.

Најпознати филмови во режија на Паскаљевиќ се: „Измамно лето“, „Слуга“, „Чувар на плажа во зима“ и многу други.