Еве колку трае акцијата во кревет кај повеќе луѓе: Проверете дали сте над или под просекот!
Иако на жените им треба повеќе време, дури 43 отсто од паровите не водат љубов во просек повеќе од две минути, а само 12 отсто од паровите уживаат во 15 или повеќе минути – што е идеално за жените.
Додека неодамнешното истражување покажа дека сексот во просек трае околу седум минути, еминентниот експерт д-р Хари Фиш, кој е специјализиран за лекување машки сексуални проблеми, тврди дека и ова е претерување.
Во анкетата за неговата нова книга „Гола вистина – врвно сексуално образование за возрасни“, тој открил дека дури 43 отсто од паровите во просек не водат љубов повеќе од две минути. Кај 27 отсто од луѓето сексот трае во просек од три до седум минути, кај 18 отсто од нив задоволството е континуирано од седум до 15 минути, додека само 12 отсто од паровите велат дека нивниот секс, односно самата пенетрација трае од 15 минути до неколку часа.
Како главни „виновници“ ги наведува мажите, иако предвремената ејакулација се смета за состојба во која сексуалното возбудување не може да се контролира повеќе од една минута. Повеќе од 90 отсто од жените не можат да постигнат оргазам во рок од две минути, па во таквиот секс дефинитивно им се ускратува задоволството.– Има големи варијации меѓу паровите, па некои навистина водат љубов и до еден час, но има многу чии страсни сеанси се кратки – изјавила Фиш.
Тој додава дека мажите кои не можат да го одложат оргазмот две минути од почетокот на сексот, а не го доживеат по 40 минути водење љубов, задолжително треба да посетат лекар бидејќи таквите проблеми можат да се ублажат. Во просек паровите водат љубов два пати неделно, а последица од краткото траење на сексот секако е немањето желба за тоа.
Исто така, во една студија од 2010 година на 300 хетеросексуални брачни парови, мажените жени сакале вагиналниот секс да трае во просек 16 минути. Неформалното истражување на Твитер од 2019 година, спроведено од GK на 2.380 луѓе по завршувањето на сексот со пенетрација, покажа дека 61 отсто сакаат пенетрацијата да трае околу пет до 10 минути, во споредба со 26 отсто од оние кои рекле дека сакаат да трае подолго од 11 минути.