Еве колку заработи Црвена Ѕвезда од влегувањето во Лигата на Европа

Влегувањето во групната фаза на ЛЕ донесе 2.920.000 евра.

На таа бројка се додаваат 1.370.000 евра што УЕФА им ги дава на тимовите кои се елиминирани во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Исто така, неодамна беше воведена уплатата според десетгодишното рангирање, а таму пристигнуваат уште 2.214.330 евра.

Значи, вкупно 6.504.330 евра!

Секако, црвено-белите сепак можат да заработат, секоја победа во групната фаза носи 570 000 евра, а нерешено 190 000 евра. Од првото место во групата се собрани уште 1.000.000, а од второто 500.000 евра.

Клупската каса од „Маракана“ сериозно ќе се наполни ...