Еве што работел Том Круз пред да го заработи првиот милион

Познатата холивудска ѕвезда како и многумина имал голем број животни препреки пред да стане славен и богат.

Богатството на Том Круз се проценува на 500 милиони долари, но денес и не би бил светски познат доколку не се запишел на часови по глума и продолжел со идејата да стане свештеник, како што прично сакал.

Актерот кој има германско, ирско  и англиско потекло на 18 години го напушта училиштето и заминува во Њујорк за да стане актер. Во меѓувреме работел како чистач и вратар се додека не добил улоги во филмови кои му донеле заработка од 15 милиони долари. 

Денес е еден од најталентитраните и најбогати актери и може да си дозволи да бира улоги кои ќе ја одбележат неговата кариера.