Еве зошто сите мажи се палат на Џенифер Лопез!

Ја ситни шеестетката, а изгледа многу подобро од 20 годишните..

Џенифер Лопез од година во година докажува зошто е една од најубавите жени на планетата. Популарната пејачка и актерка, наполни 50 години, но не изгледа постаро од 25 и на многу помлади девојки им дава домашна задача за изгледот.

Мажите ширум светот ја изгласаа Џеј Ло како најубавата жена на светот. Пред се нејзината младоликост игра голема улога, но и нејзината телесна фигура и облини ја прават да биде најпосакуваната и најсексапилната женска личност на планетата.

Она што најмногу ги импресионира фановите на Џеј Ло е дека таа старее како виното, колку е постара, толку е подобра. Кога ќе ги споредиме нејзините слики од пред 20 години, доаѓаме до заклучок дека не само што изгледа подобро денес, туку делува и помладо, па многу се прашуваат дали оваа убавица го открила еликсирот на младоста.

Погледнете ги нејзините фотографии и уверете се зошто Џеј Ло е миленичка на машкиот род.