Европско првенство од друг агол: Хајди Клум провокативна во исечен дрес + заводливи облини ги „загреваат“ трибините

Атмосферата на секое големо фудбалско натпреварување дополнително ја „загреваат“ атрактивни девојки кои се појавуваат на трибините на стадионот и објавуваат провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Германско-американската актерка и супермодел Хајди Клум обезбеди поддршка за германската репрезентација во атрактивно издание. Германија во вторникот играше против Франција на Европското првенство, а Германците ја имаа поддршката од 48-годишната Хајди Клум. Таа објави провокативна фотографија на Инстаграм на која беше „оскудно облечена“,  во бикини, но и исечен дрес кој ги откриваше нејзините гради. Сепак, на крајот немаше причина да слави затоа што Германија беше поразена.

Посебно внимание привлече и полската навивачка Марта Барчок, која беше фотографирана на стадионот облечена во тесни панталони и бел топ со длабоко деколте. Марта исто така беше разочарана по мечот, бидејќи Полска загуби од Словачка.

Сега добро познатата хрватска навивачка Ивана Кнол „огнена“ го најави натпреварот против Англија. Таа рече дека Ватрени „ќе ги голтнат Англичаните како чај“, но сегашните светски вицешампиони сепак беа поразени.


На трибините може да се видат и убави навивачки на други репрезентации.


извор:klix.ba