Евровизија 2025: Главен фавортит за победа очигледно не е Шведска, туку земјата која е во војна

Овогодинешната Евровизија во Базел покажа сценски како треба да изгледа еден фестивал од ваков калибар. Со преку 30 камери, огромна сцена, но мала сала, Швајцарците успејаа да го привлечат вниманието на светот.

Но и изведувачите исто така. Иако на обложувалниците највисоко котира Шведска, сепак, по настапот, Изралелската претставничка многумина се согласуваат дека е главен фаворти за победа.

Израелската претставничка на Евровизија 2025 е Јувал Рафаел (Yuval Raphael), 24-годишна пејачка од Ра'анана, која настапува со песната „New Day Will Rise“. Песната е емотивна поп балада, компонирана од Керен Пелес и продуцирана од Томар Беран, и беше објавена на 9 март 2025 година. 

Преживеана од нападот на фестивалот Supernova

Јувал Рафаел е една од преживеаните од терористичкиот напад на фестивалот Supernova, одржан во близина на појасот Газа на 7 октомври 2023 година. За време на нападот, таа преживеала така што се преправала дека е мртва, лежејќи меѓу телата на убиените повеќе од осум часа. Од вкупно присутните, само единаесет лица преживеале. 


Контроверзии и реакции

Настапот на Израел на Евровизија 2025 во Базел, Швајцарија, беше проследен со контроверзии и протести. За време на пробите за втората полуфинална вечер, шест лица беа отстранети од салата поради носење палестинска знаме и извикување против израелската претставничка. Покрај тоа, победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно повика на исклучување на Израел од натпреварот, наведувајќи дека конфликтот во Газа е во спротивност со вредностите на Евровизија.

Успех на натпреварот

И покрај контроверзиите, Јувал Рафаел се пласираше во големото финале на Евровизија 2025, кое ќе се одржи на 17 мај во Базел. Нејзиниот настап беше оценет како еден од најемотивните, а песната „New Day Will Rise“ се искачи на првото место на израелските радио топ-листи.

Со својата лична приказна и музичкиот настап, Јувал Рафаел стана симбол на надеж и отпор, претставувајќи ја Израел на Евровизија 2025 со силна порака за нов почеток.