Fashion Group освои пет награди на E-Commerce Awards 2023

Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци, победник во категоријата Најдобар верификуван е-трговец, второ место во категоријата Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми, второ место во категоријата Најпопуларна Е-продавница и трето место во категоријата Е-трговец на годината.

Изборот на наградите е направен од над 6.125 гласачи, како и 12-те еминентни членови на стручното жири на Асоцијацијата.

Наградите имаа за цел да ја препознаат напорната работа, иновативноста, тимскиот дух и постојаните напори на е-трговците да бидат поттик за останатите за уште подобро темпо во сферата во 2024-тата година.

Значителниот освоен број на награди на модната групација Fashion Group доаѓа од континуираната грижа кон корисниците, исклучителните напори на сите сектори токму клиентите секогаш да бидат на прво место, тимскиот дух и секогаш, огромната љубов кон модата.

„Овие награди секогаш се поттик за нас, мотивација да продолжиме со уште поголемо темпо на работа, за да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и да им го олесниме купувањето како никогаш досега. Им благодариме за нивната долгогодишна доверба за која ветуваме дека ќе работиме и годините што доаѓаат“, велат од Fashion Group.

Компанијата останува да биде лидер во својата работа и истата да сведочи за исклучителните напори да ја подигне е-трговијата во земјава на уште повисоко ниво, заедно со сите останати победници на годинешните E-commerce Awards 2023.

Пр објава