FBI да реагира: Бекам повторно налути многумина
Фудбалерот Дејвид Бекам ужива да поминува време со своето мало девојче, ќерката Харпер и повторно ги налути некои однеговите следачи на социјалните мрежи.
Бекам на својот профил на Инстаграм повторно објави фотографија на која се бакнува во уста својата ќерка. И во средината на оваа година фубалерот објави слична фотографија и претрпе бројни критики.
Овој пат тие лизгаа на лизгалиштето на музејот за природна историја во Лондон. Во насловот на фотографијата, славниот фудбалер напиша: „Почнува да изгледа како Божиќ“.
Додека имаше коментари кои велеа дека се „прекрасни“ и се гледа како уживаат заедно, имало такви кои дури и го повикале FBI да одговорат, пренесува британскиот „Метро“.
FBI треба да реагира и да види што се случува во нивниот дом“, коментирал еден следач на оваа фотографија.
„Зошто ја бакнувате ќерката во уста?“, Го прашува друг следач?