ФФМ: Финалето на Купот ќе се одржи во Струмица

ФФМ објави неколку важни одлуки од одржаната седница на Управниот Одбор, финалето на Купот на Македонија ќе се одржи во Струмица.

За крајот на мај е закажано и одржување на Редовно Генерално Собрание на ФФМ.

- У.О. на ФФМ го утврди датумот и местото на одржување на Редовно Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.Редовното Генерално Собрание на ФФМ ќе се одржи на 27. мај во Скопје со почеток во 11:00 часот; 

- У.О. на ФФМ донесе одлука за определување на местото на одигрување на финалето од Купот на Македонија во машка сениорска конкуренција.Финалистите Македонија Ѓ.П. и Струга Трим Љум на стадионот “Младост” во Струмица ќе играат за освојување на трофејот во Купот на Македонија;