ФФМ: Се одложува стартот на ВМФЛ, ќе има дополнителен термин за првото коло

Натпреварите од  првото коло во  втората македонска фудбалска лига нема да започна на 13 август, објави ФФМ.

Првото коло беше закажано за овој викенд, но средбите од ВМФЛ се одложени.

Соопштение на ФФМ: 

Комисијата за натпреварување при ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на ВМФЛ.

Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпревари од првото коло во ВМФЛ.