ФФМ судиска анализа, во ПМФЛ одлично судење

На  натпреварите од  26 коло на  ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа на 23 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од  23 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Гостивар –ФК Тетекс одигран на 08.04.2023 година анализирани се ситуациите од 2, 3 и 34 минута.

Главен судија: Дејан Младеновски Помошен судија: Петар Новачев и Роберт Црвенов.

2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН КАРТОН)

Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч, пред да ја прими топката, голманот на гостите надвор од својот шеснаесетник ја фати топката со раце и го спречи играчот на домаќините да игра со неа наоѓајки се во очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домаќините и доделен ЦРВЕН картон за голманот на гостите, поради спречување очигледна шанса за гол (ја фати топката со раце надвор од својот шеснаесетник).

3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН КАРТОН)

Во прекин на игра, играч од екипата на гостите  незадоволен од одлука на судијата прави неспортски и некоретен потег,му го зема црвениот картон од рака на судијата  и фрла на земја.

Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите, поради неспортски и некоректен потег кон судијата (земање од рака картон на судија  и фрла на земја картонот)

34 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на домаќините додаде топка кон свој соиграч во шеснаесетникот на гостите, пред соиграчот  да ја прими топката играш од одбраната на гостите преви лизгачки старт, притоа прв ја удира топката и потоа доага до контакт со играчот од нападот на домакините.

Исправна одлука на главниот судија што не досуди удар од 11 метри за екипата на домакините,  бидејки играчот од одбраната на гостите прв доага до топката и ја удира, меѓутоа главниот судија погреши што досуди индиректен слободен удар и додели жолт картон за играчот од нападот на домакините поради симулација. Играчот од екипата на домакините не направи никаков неспортски потег за симулација за пенал.

На натпреварот ФК Борец –ФК Детонит одигран на 08.04.2023 година анализирани се ситуациите од 50 87 минута.

Главен судија: Контантин Влахо Помошен судија: Бесарт Абдули и Александар Николоски

 50 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, негов соиграч кој во моментот на центаршутот се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на домаќините постигна гол со глава.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот за екипата на гостите е поништен и досудено е офсајд позиција, бидејки играчот од екипата на гостите при центрирањето на топката спрема него се наоѓаше во недозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на домаќините).

87 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Не досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите ја имаше топакта во свој посед странично од голот на домакините и надвор од шеснаесетникот, ја додаде топката до свој соиграч кој во момент на додавањето се наоѓаше во иста линија со играчот што му ја додаде топката, истиот центрираше и друг соиграч постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од екипата на гостите при примањето на топката од својот соиграч и центрирањето на топката  се наоѓаше во линија со својот соиграч.

На натпреварот ФК Пехчево–ФК Арсими  одигран на 08.04.2023 година анализирани се ситуациите од 28 и  90 минута.

Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски, Помошен судија:  Петар Степаноски и Дарко Василевски , 4-ти судија: Миле Лазов.

28 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА, ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА И 4-ТИОТ СУДИЈА (Доделен жолт картон на погрешен играч, односно не доделен втор жолт-ЦРВЕН картон на играчот што го прави прекршокот)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката странично од голот на домаќините и во ветувачка акција,пред шеснаесетникот истиот  беше повлечен  за дрес од страна на играчот со бр 17 од екипатата на домаќините, кој за овој старт требаше да добие втор жолт-ЦРВЕН картон.

Главниот судија во соработка со првиот  помошен судија и 4-тиот судија носат погрешна одлука, бидејки по направениот прекршок од играчот со бр 17 од екипата на домаќините  кој требаше да добие втор жолт односно автоматски црвен, главниот судија во соработка со првиот асистент и четвртиот судија погрешно го детектираат играчот и доделуваат  жолт картон на погрешен играч со бр.14.

90 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА  (Доделен ЦРВЕН картон )

Играч од екипата на гостите пред својот шеснаесетник ја имаше топката во свој посед, играч од екипата на домаќините направи  лизгачки старт со една нога странично и ниско на ногата на противникот  каде целта му е топката , меѓутоа направи прекршок.

Погрешна одлука на главниот судија што додели ЦРВЕН картон, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели жолт картон, бидејки лизгачкиот старт на играчот на домаќините беше странично и ниско на ногата на противникот иако целта на играчот беше да игра со топката..

На останатите натпревари од  ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.