ФФМ: Започна пријавување за ФИФА фудбалски агент

Сите заинтересирани лица кои претходно (пред 2015 година) се имаат стекнато или сакаат да се стекнат со лиценца за ФИФА Фудбалски Агент тоа можат да го направат преку апликација  на:

а) платформата: agents.fifa.com; (оние кои се пријавуваат прв пат, да се регистрираат како нови, оние кои веќе го имаат полагано испитот да се логираат во делот дека веќе имаат лиценца);

б) апликантите треба да ги исполнуваат  критериумите наведени во  Правилникот за ФИФА фудбалски агенти;

в) успешно да го положат испитот кој го спроведува  ФИФА (онлине) во организација на ФФМ;

г) доколку успешно го положат испитот  да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФА;

д) пред полагање на испитот да уплатат такса за организација на испитот кон ФФМ.

Во 2023 година ќе има два испити за ФИФА фудбалски агенти.

Рокови за пријавување:

• од 9 јануари 2023 до 15 март 2023 година за првиот ФИФА фудбалски испит за агенти кој ќе се одржи на 19 април 2023 година, онлине во просториите на ФФМ;

• од 1 мај 2023 до 31 јули 2023 година за вториот ФИФА фудбалски за агенти кој ќе се одржи на 20 септември 2023 година.

Лице за контакт Александра Ѓурчиновска, aleksandra.gjurcinovska@ffm.com.mk 

Правилник за ФИФА фудбалски агенти: FIFA Football Agent Regulations_EN.pdf