Филмски видео запис за „Железните пари бабини“ – Момците од „Балкан бенд“ со нова премиера! (ВИДЕО)
„Светско, а наше“ - барем таков е првиот впечаток на оние кои веќе го погледнаа новиот спот на добро познатата група „Балкан бенд“.
Станува збор за нова песна на момците, а нејзиниот наслов е „Железните пари бабини“ - нешто ново и поразлично од тоа што претходно бевме навикнати да го слушаме од нив.
Темата беше промовирана вчера, а реакциите барем досега се и повеќе од позитивини. Момците велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат – дале се од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.
„Не радуваат коментарите на публиката. Спотот излезе вчера, а еве не престануваат да ни пристигнуваат пораки. Исто така ни пишаа и доста наши колеги, кои велат дека се пријатно изненадени. Се надеваме дека песната и спотот ќе допрат до публиката, бидејќи ова што го слушате и гледате е направено со многу труд и премногу љубов“, велат членовите на бендот.
Едни од „виновниците„ за сето ова да изгледа, а нормално и да звучи вака се авторите на песната, а тоа се: Горан Јовановски - Топче кој го напиша текстот и ја направи музиката, потоа Дејан Момироски кој беше задолжен за аранжманот, а аплаузите за ова прекрасно видео ги собра режисерот Даниел Јовески, кој уште еднаш покажа зошто е најбараниот режисер во нашата земја.
„Видеото всушност е една филмска приказна која ги отсликува стиховите кои ја следат самата тема. Многу веруваме во ова ново музичко парче со наш потпис“, додадоа членовите од составот „Балкан бенд“. Инаку бендот веќе има закажано доста настапи за ова лето низ клубовите во нашата земја, а се разбира, тие се едни и од најбараните кога станува збор за свадбените веселби и приватните забави. Во продолжение погледнете го видеото за темата „Железните пари бабини“: