ФОТО: Бугарите ги објавија можните состави, Македонија ќе игра без ѕвездата од Германија!?

Бугарскиот портал „спортал.бг“ ја објави најавата на мечот меѓу Бугарија и Македонија денес во Разград од 18 часот.

Во насловот велат, немаат право на грешка, иако имаат проблеми со неколку повредени играчи.

Интересно, неупатени или пак се добро упатени, од „спортал.бг“ тврдат дека стандардниот македонски репрезентативец од редовите на Шалке, Дарко Чурлинов нема да биде во почетниот тим на Македонија.

Секако ова се само предвидувања на гореспоменатиот портал, кој тврди дека стадионот во Разград ќе биде исполнет во целост.