Тренд // Мода
(ФОТО) Часовници украсени со скапоцени камења
Луксузна и елегантна колекција часовници направени во Швајцарија специјално за Фенди ќе ги исполни стандардите дури и на најсложените дами ... Мажи, одврзете го „ќесето“ и подарете со стил. Скапи се, ама жените сакаат скапи подароци...
Тие се украсени со дијаманти, сафири, топази, рубини и смарагди, во комбинација со крокодилска кожа или висококвалитетна нараквица од нерѓосувачки челик и се вистинско богатство.
Основната цена е 2.400 американски долари и поскапи, во зависност од моделите и скапоцените камења што ги красат. Тие имаат швајцарски, рачно изработен механизам и се водоотпорни до длабочина од 30 метри.
Покрај механизмот за квалитет, тие изгледаат многу гламурозно и пленат со прекрасни дизајни и бои.