“Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци!
Важни се годините, но важен е и духот, како што впрочем вели сликава. Инаку, далеку сум уште од 50- ка да сме на чисто“- вака напиша на „Фејсбук“ Никола Димитров, министерот за надворешни работи кој денес слави роденден.
Неговата јавна благодарост наиде на многу коментари, како и многу честитки.
Н.Т.