ФОТО: Џака извади дрес со Јашари, па објасни дека не е провокација, има врска со Македонија

Швајцарија ја победи Србија со 3-2 и ги продолжува натпреварите на Мундијалот. 

Гранит Џака запиша еден гол, а по мечот облече дрес со името Јашари, ги збесна сите во Србија, но објасни дека нема никава врска со ОВК и Адем Јашари.

„Не беше тоа политичка порака каква што мислите, туку се однесува на еден млад фудбалер Адон Јашари од Македонија, има 20 години, тој е мој пријател  и кон кого сакав да испратам полна поддршка. Знам како му е, а и јас бев млад и само сакам да му помогнам, му ветив ако дадам гол дека ќе го облечам неговиот дрес“, рече Џака.