ФОТО: Едно перфектно и едно катастрофално полувреме, Македонија загуби од Германија
Македонската женска сениорска репрезентација ги одигра своите најдобри, 20-25 минути во квалификациите за ЕП 2023, но и тоа не беше доволно да се стигне до сензационалне резултат, да се победи против Германија. која со одлично второ полувреме победи со 47-71.
Перфектно прво полувреме за Македонија, плус 8 по првиот дел и водство од 35:27, но тоа не се покажа како доволно за успех против топ-фаворитот.
Во вториот дел запишавме само 12 поени, 9 во третиот и само 3 во последниот период, тоа ја направи разликата на мечот во корист на Германија.
Американката Хемпе беше најефикасна со 20 поени, Антиќ постигна осум, а Трајчевска седум поени за Македонија.
Следно за Македнија е февруарскиот ФИБА „прозорец“ дуелите со БиХ на гостински и Белгија на домашен терен