(ФОТО) Елена Ристеска- Дама на годината во регионот

На доделувањето на наградите за постигнувања, работа и креативност на регинално ниво, што се одржа во Врњачка Бања во Србија, нашата поп ѕвезда Елена Ристеска ја однесе наградата „Дама на годината„ во регионот.

Таа на Инстаграм се фотографираше со статуетката и напиша:

„Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена„.