(ФОТО) Идеалното пенкало од најлуксузниот бренд изгледа вака!

Колекционерите често знаат да се потпрат на „ S.T.Dupont“ брендот, кога сакаат еклектични парчиња кои вообичаено многу тешко се наоѓаат..

Години наназад, познатиот париски бренд имаше клучно значење, кога се работи за луксуз. Работејќи го она во што се најдобри, брендот пред скоро време претстави уште едно од своите шик изаданија – луксузното „Tiger Eye Eagle“ пенкало со сталак.

Како харзиматичен додаток за сите оние кои се љубители на пишувањето, „Tiger Eye Eagle“ пенкалото е наменето за класа над сите свои конкуренти. Како дел од „Haute Creation“ колекцијата, ексклузивното пенкало е дизајнирано во блиска соработка со познатиот каменорежач, Луис Алберт. Моделот содржи прекрасно креирано тигрово око со позлатени бронзени детаљи, заедно со изрезбаниот сокол на капачето. Инспирирани од величенствените птици, ова пенкало претставува олицетворение на сила, водство и визија, а дополнително е декорирано со дијаманти.

Уникатното пенкало доаѓа со база од тигрово око со славното лого на него, што го чини и целиот сет, идеален за колекционерите. Пенкалото се продава по цена од околу 22.038 долари, а може да се купи онлајн, но и во нивните специјализирани продавници ширум светот.