(ФОТО) Илјадници евра само за едно појавување: Колку чини облеката на Боки 13?
Секогаш е најактуелен со скоро сѐ што прави. Ама дека се облекува скапо и тренди, тоа е факт.
Како и познатите светски ѕвезди и тој носи облека од најпознатите брендови на денешницата кои се бааги скапи. Го видовме во различни изданија, секогаш нови и често шокирачки.
Во последно време, сега моментално најактуелниот Бојан Јовановски- Боки 13 носи исклучиво реномирани брендови на себе. Обожава да се слика во парчиња оригинална облека на “Версаче”, “Долче и Габана”, “Диор”… Некои дури и од нивните најнови колекции.
На себе некогаш носи облека во вредност од неколку илјади евра, ама внимателно одбрани. Стилски е усогласен во секоја пригода, а како и не би бил кога го купува најдоброто и најквалитетното.
На официјалните сајтови од брендовите се гледаат и цените на парчињата што ги има. Е скапи се, ама ако се има пари може да си ги дозволите.
Направивме мало истражување за неговата облека.Од кој бренд е и колку чини?
Небојша Толески