(ФОТО) Има 70 години и доби син со 34 помладата сопруга
Омилениот холивудски актер и миленик на жените Ричард Гир во Токсана летува со 34 години помладата сопруга Алехандра Силва и нивниот син Александр, кој се роди во февруари оваа година.
Опуштен и среќен во прегратка на својата Алехандра, таткото внимателно го носеше синот во раце. На парот ова им е првото заедничко дете, а од поранешните бракови имаат уште по едно. Ричард има 19 - годишен син, а Алехандра 6 - годишно момче.
Ричард зад себе го има бракот со поранешната манекенка Синди Крафорд. Гил и Алехандра се венчаа во Шпанија минатата година по четири годишната врска, а по венчавката Ричард се пофали дека е најсреќен човек на светот бидејќи се оженил со „убава жена која е паметна, чувствителна, подготвена да помогне на луѓето, забавна, трпелива, која знае да прости, добро готви и прави најдобри салати на светот“.