ФОТО: Каде можете да го гледате директниот пренос Бугарија -Македонија

Македонија денес од 18 часот на гости во Разград го игра мечот со Бугарија, прво коло во Ц-Лигата на нации.

Со оглед на фактот дека државната МКРТВ не успеа да обезбеди ТВ права за новиот циклус на квалификации, преноси од сите мечеви засега ќе гледаме на регионалниот канал Аренаспорт.

Српскиот спортски гигант го победи Спортклуб, тие во минатите години емитуваа преноси од квалификациите и Лигата на нации.

Дуелот меѓу Бугарија и Македонија вечерва од 18 часот ќе го гледаме на Аренаспорт Премиум 2, според објавената ТВ шема на регионалниот спортски канал.