Спорт // Спорт
(ФОТО) Коби Брајант на 41 година го загуби животот во хеликоптерска несреќа
Легендарниот НБА играч Коби Брајант почина во несреќа со хеликоптер во Калифорнија, објавуваат светските медиуми.
Тој имаше 41 година.
Брајант патувал со најмалку четворица во неговиот приватен хеликоптер над Калабасас кога избувнал пожар, што го срушил хеликоптерот спирално од небото, пренесува TMZ Sports.
Нема преживеани, а причината за несреќата е под истрага.
Сопругата на Брајант, Ванеса, не била меѓу оние што се наоѓале во хеликоптерот, според извештајот.
Брајант цели две децении играше за Лос Анџелес Лејкерс, освојувајќи пет првенства и 18 ол-стар пред да се повлече после сезоната во 2016-та година. Познат беше што секогаш и секаде патуваше со хеликоптер.