Спорт // Спорт
ФОТО: Лесна победа на Ѓоковиќ, Србинот стигна до 13-то во низа осминафинале на Ролан Гарос
Новак Ѓоковиќ без проблеми го доби мечот со Словенецот Алјаж Бедене, запиша победа во три сета, 6-3, 6-3 и 6-2 и обезбеди пласман во осминафиналето на Ролан Гарос.
На Ѓоковиќ му е беа потребни само еден час и 45 минути игра, загуби само осум гејма, а противник во следната рунда е Шварцман, кој со 3-0 беше подобар од Григор Димитров.