ФОТО: Лукаку се враќа во Интер, денес е денот „Д“

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, најавува враќање на Ромелу Лукаку во Интер, втората рунда преговори е во тек, Челзи сака да го продаде, Белгиецот сака да се врати на местото на успехот.

Според најавите, денес може да биде „клучен“ ден за Интер и Лукаку, иако договор засега нема.

Интер понудил 5 милиони евра и два милиони во бонуси, но тоа е недоволно.

Челзи не бара играчи од Интер, но се интересира за Шкрињар, Дамфрис и Бастони.

Лукаку во Интер одигра вкупно 95 натпревари и постигна дури 64 гола со 16 асистенции.