(ФОТО): Луксузни часовници по швајцарски тек
Воодушевуваат со дизајнот и прецизноста
Покрај производството на целoсни часовници, компанијата има и долга традиција на снабдување на делови од други престижни компании во Швајцарија. Jaeger-LeCoultre претходно беше во сопственост на Mannesmann AG и Audemars Piguet - исто така влијателни брендови на швајцарскиот пазар.
Од 2000 година, компанијата е во целосна сопственост на швајцарската луксузна група “Риџемонт“. Нивните ексклузивни часовници се на квалитет рамо до рамо со други луксузни брендови како што се Patek Philippe & Co, Vacheron Constantin и Andermas Piguet.
На меѓународното шоу во Женева, брендот ги претстави своите најнови модели, исклучителни часовници кои сведочат за континуираната потрага по техничко усовршување, како и на естетската хармонија.
Новите модели се: Гранде Реверсо Ултра Тенок SQ, Календарот на Гранде Реверсо, Гранде Реверсо Сина е мајл, Гранде Реверсо 1931 година, Гранде Реверсо Лејди Ултра Тенок.