(ФОТО) Луксузот има друго име: Bulgari Resort, најненаметливиот хотел на светот

Bulgari Resort Dubai беше прогласен за најлуксузен хотел во 2017 година од Luxury Travel Intelligence. Раскошниот имот, кој се наоѓа на вештачкиот остров Jumeira bay, веднаш се најде на врвот.

Опишан како „урбана оаза“, комплексот се протега на 158.000 квадратни метри и беше дизајниран од италијанската архитектонска фирма на Антонио Цитерио Патриша Вил.

Хотелот ја доби титулата заради нивниот дизајн и “ненаметливата локација“. Оваа сензационална градба ги импресионираше толку многу богаташите ширум светот, што закажуваат престој една година однапред.

Има само четири катови и е ненаметлив, сè што повеќето хотели во Дубаи не се.

 Раскошното одморалиште се наоѓа на десетина минути од градот и има импресивен футуристички дизајн што го издвојува од типичните хотели во Дубаи.

Вклучува приватен клуб за плажа и плажа, марина со 50 легла, спа центар и италијански ресторан предводен од готвачот Нико Ромито.

Собите се уредени минималистички и нудат посебно чуство на луксуз. Позлатата во одредени делови на хотелот дополнително ја засилува неговата убавина.