Спорт // Спорт
ФОТО: Македонија до 21 се подготвува за квалификацискиот натпревар со Ерменија
Младата репрезентација на Македонија до 21 година е во Скопје, каде што интензивно се подготвува за предизвикот што ја очекува во рамките на квалификацискиот циклус за пласман ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Во првиот дуел од јунските квалификации, во Скопје гостува незгодната селекција на Ерменија. Натпреварот од 9. коло во групата Х од квалификациите, Македонија и Ерменија ќе го одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски", на 2. јуни, со почеток од 17. часот.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски" во одлична атмосфера го одработија предвидениот тренинг во склоп на подготовките за дуелот со Ерменија.