Спорт // Спорт
ФОТО: Милевски ги започна подготовките, Елмас и Алиоски со „луда“ фотографија
Македонската А-репрезентација ја очекуваат два пријателски меча со Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17. и 20. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Двата дуела ќе се емитуваат на Спортклуб, а селекторот Благоја Милевски од вечерва ги започна подготовките.
Во репрезентацијата се врати и Илија Несторовски, поради повредна нема да настапат Аријан Адеми, Александар Трајковски, Тихомир Костадинов, Ердон Даци, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.