Спорт // Спорт
ФОТО НА ДЕНОТ: Англичаните сакаат да ја смачкаат Франција, ќе направиме француски тост
Мароко - Португалија (16 часот) и Франција - Англија (20 часот) се двете втори четвртфинални средби кои се играат денеска на Светското првенство во Катар.
По овие два меча ќе се комплетираат учесниците во полуфиналето каде пласман од вчера обезбедија Хрватска и Аргентина.
Дерби на денот е дуелот Англија - Франција, супер дерби на мундијалот.
Англичаните сакаат да направат „француски тост“, е еден од насловите во медиумите во Англија.
Вчера, Хрватска го совлада Бразил на пенали со 4-2, откако натпреварот по регуларниот дел и продолженијата заврши без победник со резултат 1-1.
По пенал серијата пласман обезбеди и Аргентина на мечот со Холандија.