(ФОТО) Некогаш мускулест и затегнат: Холивудскиот актер денес е непретпознатлив

Иако, го памтиме по улогата во филмот „Гладијатор“, но и по совршениот изглед за таа улога, актерот Расел Кроу денес не изгледа ниту приближно како некогашниот мускулест маж..

Имено, холивудскиот актер за потребите на снимањето на новиот филм „Unhinged" доживеа потполна трансформација.

Некогаш мускулест и затегнат, актерот денес е непретпознатлив. Откако во јавноста се појавија фотографии од снимањето на филмот, познатиот актер е навистина тешко да го препознаете.

На фотографиите е приметно дека актерот е сменет и здебелен, но неговите килограми допринеле тој да носи и многу поголемо одело кое го носи за потребите на снимањето на филмот, за да изгледа уште подебело.

Актерот е фотографиран за време на пауза помеѓу сетовите  во светло сина кошула како пуши цигара и одмара од напорното снимање на новиот филм. За новиот филм актерот мораше да ја исфарба и својата брада во кафена боја, а очигледно морал и да ја пушти костата подолга.

Актерот секако поинаку изгледа во однос на сите трансформации на кои сме навикнати да го гледаме, посебно во однос на улогата на генералот Максимус во „Гладијатор“.

Расел тогаш мораше напорно да вежба, и тоа по четири часа дневно за да го достигне потребното тело за ликот Максимус, за разлика од новиот филм, психолошки трилер, во улога која бара од Расел да изгледа дебело. Премиерата на филмот „Unhinged" треба да биде до крајот на 2020 година.